Денеска на неделата на мобилноста: озонот, загадувањето и одржливиот транспорт

Денеска на неделата на мобилноста: озонот, загадувањето и одржливиот транспорт

Типографија

Манифестацијата Европска недела на мобилноста во главниот град почнува денеска со повеќе настани.

Во салата на Советот на градот Скопје ќе се одржи официјалното отворање и ќе се презентира проектот „Отпорно Скопје“, односно стратегијата за справувањето на градот со климатските промени. Ќе се претстави и еколошкиот отпечаток што го прави градот врз планетата. Градските власти, пак, ќе ги запознаат посетителите со проектите што досега ги реализирале за да ја подобрат енергетската ефикасност.

Ќе се претстави и долгоочекуваниот интегриран катастар на загадувачи на животната средина во градот, како и проектот за состојбата со квалитетот на воздухот и нивото на бучавата, споредбено во зимската и во летната сезона.

Предвидено е да се презентираат повеќе иновативни активности за одржлив транспорт во Скопје, како проектот „Мое Скопје“, паметната автобуска станица, паметните билетарници, можностите да се патува во автобус со велосипед и дрго. Исто така, ќе се открие до каде се реализираните активности за изработка на зелениот катастар на градот.

Попладнето ќе има забава и едукација во кафулињата, а вечерта ќе почнат натпреварите во возење скејт-борд, ролерки и велосипеди.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS