mksqen
04
Саб, Дек
0 Нови / 7 дена

Охридско Езеро се порибува со 2,2 милиони пастрмки

Охридско Езеро се порибува со 2,2 милиони пастрмки

Типографија

Вкупно 2,2 милиони единки подмладок од ендемската охридска пастрмка годинава се пуштаат во водите на Охридско Езеро. За оваа намена годинава се издвоени десет милиони денари.

Одгледувањето на подмладокот го врши Хидробиолошкиот завод, кој согласно договорот обврзан е да изврши порибување на езерото со 2,5 милиони единки охридска пастрмка. Но, како што велат од заводот, оваа година ќе бидат изведени 2,2 милиони единки, поради тоа што не функционира мрестилиштето кај Шум кај Струга.

  • Сепак тоа е е најголем број единки што ќе бидат пуштени во езерото, оттаму што минатата година Охридското Езеро беше порибено со 1,9 милиони единки пастрмка, а пред тоа 1,6 милиони - рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Експертите од Хидробиолошкиот завод во Охрид тврдат дека и сто илјади едински пастрмка да преживеат, е сосема доволно за природен прираст на тој вид риба, но проблем постои поради неконтролираниот излов на млади риби на албанската страна од езерото. Директорката на заводот информира дека дека порибувањето се одвива од 22 август и досега се пуштени 1,625 милиони единки долги по околу седум сантиметри и тешки околу три грама. Порибувањето се врши на локациите каде е извршено и собирањето на икрата за вештачки мрест, односно кај Пештани, Трпјеца, Вир кај Охрид, Калишта, Радожда и Струга.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија