mksqen

Реализирана тематска работилница за “лобирање и застапување”

Реализирана тематска работилница за “лобирање и застапување”

Типографија

Во рамките на проектот: “Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“, од 22-24 јуни 2018 година во хотел Порта Скопје се спроведе четвртата дводневна тематска работилница на тема: “Лобирање и Застапување“.

Оваа работилница беше тематско продолжение на низата од работилници кои предходно ја воведоа целната група во законската регулатива во однос на водните политики , начинот на формирање на цената на чинење и реформите на законската регулатива која ги третира водните политики.
Целта на оваа работилница беше да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации во доменот креирање на ефикасни стратегии за лобирање и застапување, градење на партенрски коалиции на засегантите страни во процесот на лобирање и застапување, како и PR и маркетинг стратегии во процесот на лобирање и застапување.

На дводневната работилницата учество земаа претставници од граѓанскиот сектор од сите осум (8) плански региони во Република Македонија кои беа предходно таргетирани и изразија интерес за учество во овој проект, како и претставници на клучни чинители во оваа област.
Зајакнати капацитети на граѓанските организации ќе овозможи нивно зголемено влијание и  постојаното следење на спроведувањето на политиките и реформите во секторот води на еден организиран и координиран начин кој позитивно ќе влијае и на зголемување на одговорност на централната и локалната власт во спроведувањето на истите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.