mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Видео: експертска дебата за линданот во ОХИС

Видео: експертска дебата за линданот во ОХИС

Типографија

Депонијата со линдан во кругот на фабриката ОХИС, последиците од неа и начинот како може да се реши проблемот беа тема во емисијата „Врел костен“ на новинарот Милан Аџиевски.

Аџиевски ја отвори емисијата со податокот дека годишно околу 1.300 луѓе во Скопје умираат од загадување на воздухот, а линданот придонесува за тоа бидејќи во сушни периоди ветерот ја разнесува неговата прашина во воздухот, додека кога има дожд и снег тој продира во подземните води и потоа во почвата. Гостите, Сретен Стојковски од партијата ДОМ и Борис Јанковски, инженер од компанијата ВЕДА ги изнесоа своите информации, анализи, ставови и препораки за оваа еколошка бомба.

Сретен Стојковски работел 22 години во ОХИС, а сега е магистрант по животна средина, и магистерската теза му е токму на проблемот со депонијата со линдан. Како што објаснува Стојковски, во кругот на ОХИС има околу 40.000 тони таков отпад.

  • Производството на линданот, односно на гама-изомерот, почнало во 1964 година и траело до 1977 година. Во тој период е создадено тоа количество опасен отпад.  Поради еколошки, но и поради економски причини, односно губење на пазарот за производите што се добиваа со преработка на тој отпад, тој е закопан во бетонски корита и покриен со земја и со глина во кругот на фабриката - вели Стојковски.

Јанковски потврдува дека самата фабрика можела да го претвори овој опасен отпад во безопасни материи со технологијата со која што располагала, која, како што вели, била на завидно ниво во златните времиња на компанијата.

  • Низ одреден софтвер со кој што располагам извршив теоретска анализа за можноста да се изврши декомпозиција на супстанцата и да се претвори во компоненти што не се опасни за животната средина. Го проверив и практично бидејќи добив една количина од таа супстанца за испитување во мојата лабораторија. ОХИС располагал со лаборатории со кои што можел оваа супстанција да се преработи - истакна Јанковски.

Експертите речиси еден час ги образложуваа различните аспекти на проблемот со линданот во ОХИС.



BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија