mksqen
17
Пет, Сеп
0 Нови / 7 дена

Почна изградбата на канализациска мрежа во Брвеница

Почна изградбата на канализациска мрежа во Брвеница

Типографија

Над три илјади жители од населеното место Брвеница за шест месеци ќе добијат фекална канализациска мрежа. 

Покрај канализацијата ќе се гради и колектор за преттретман на отпадните води.

Инвестицијата изнесува 21,5 милиони денари, обезбедени од Европската инвестициска банка.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека со изградбата на новата канализациска мрежа ќе се обезбедат поквалитетни и поеколошки услови за живеење во општина Брвеница.

Канализациската мрежа беше едно од главните барања на жителите на насленото месо Брвеница до централната власт, бидејќи досега отпадните води беа третирани со септички јами, укажуваат од ресорното Министерство.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија