mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

МЕД бара систем кој ќе промовира одржливо земјоделство и производство на храна

МЕД бара систем кој ќе промовира одржливо земјоделство и производство на храна

Типографија

Македонското еколошко друштво (МЕД), како партнер на Birdlife Europe and Central Asia, на јавната расправа организирана од Европската комисија, а која се однесува на заедничката земјоделска политика, бара систем кој ќе промовира одржливо земјоделство и производство на храна.

Од МЕД велат дека 35 отсто од буџетот на Европската Унија оди на Заедничката земјоделска политика која ја поткопува здравата животна средина, јавното здравство и одржливиот развој.

Реформата на Заедничката земјоделска политика на ЕУ мора да се усогласува со политиките за животната средина за да осигура иднина за фармерите, граѓаните и природата.

  • Заедничката земјоделска политика на ЕУ и понатаму е штетна политика која влијае на климатските промени, загубата на биолошката разновидност, ерозијата на почвата и загадување на водите. Птиците кои порано живеа на земјоделски површини се намалени за 50 отсто во последните 30 години - додаваат од МЕД.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија