mksqen
27
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Од понеделник заладување и засилен ветер

Од понеделник заладување и засилен ветер

Типографија

Во понеделник Македонија  ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса од север што ќе услови појава на  засилен северен ветер и значителен пад на температурата.

Како што најави УХМР, врнежите во попладневните часови на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Од вторник ќе биде многу студено и ветровито, а можен е снег и во пониските делови. Дневната температура на места ќе се задржи околу нула.

Деновиве, од петок попладне и за време на викендот, се уште ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалат.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија