mksqen
19
Нед, Сеп
0 Нови / 7 дена

Веб платформа за понуда на органски земјоделски производи во Струмица

Веб платформа за понуда на органски земјоделски производи во Струмица

Типографија

Струмичките органски производители промовираа веб платформа за пласман и продажба на нивните производи.

Станува збор за апликација во која органските земјоделци ќе пополнуваат колку и каков вид на артикли имаат.

Според проект менаџерот, Ѓорги Хаџикотаров од здружението „Органо логистик“, апликацијата претставува чекор напред во поедноставувањето на процедурите за продажба на органските производи и директен контакт со купувачите.

  • Производителите може да го стават во различни категории производот што го имаат. Во наредната фаза планираме медиумска промоција на веб платформата до купувачите. Со тоа, оние кои се заинтересирани да купат органски производи може дирекно да се обраќаат до производителите со што би се намалила цената, а самите купувачи од прва рака може да добијат информација кога стасува производот и да си резервираат доколку има количина на лагер - појаснува Хаџикотаров.

Според него, веб платформата е прв дел од она што го планираат за развој на органското произвдство. Во наредниот период на аплиакцијата ќе бидат ставени и типовите органски ѓубрива, а ќе има можност да се реализира и он лајн продажба.

Хаџикотарев вели дека последниве две години се подобрува состојбата со органското производство на Југоистокот.

  • Најчесто граѓаните мислат дека органско е нешто што не е прскано, дека е тешко да се произведе и скапо да се купи. Но, не е така. Има препарати кои го олеснуваат овој начин на производство и купувачите треба да проверат дека овие производи не се така скапи. Низ годините имаме осцилации. Во струмичко има зголемување на органските производители. Може се намалил бројот на некои производители, но тие беа помали, сега има други кои се поголеми и кои може да дадат производи во поголема количина - вели Хаџикотарев.

Во струмичко најзастапени се органските производители на киви, слива, аронија, цреша, јагоди, како и десетина видови градинарски култури.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија