mksqen
09
Чет, Дек
0 Нови / 7 дена

Проект „Произведувај органски-пакувај еколошки“

Проект „Произведувај органски-пакувај еколошки“

Типографија

Граѓански центар за одржлив развој „ЕГРИ“ од Крива Паланка  ќе  имплемент ира  прекуграничен проект со Бугарија  за еколошко пакување органска храна.

Еден од  45 -те  проекти од првиот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија  во рамки на  ИПА Програмата на  Европската Унија за прекугранична соработка  е и проектот „Произведувај органски-пакувај еколошки“ на Граѓанскиот центар  за одржлив развој, ЕГРИ, од Крива Паланка.

Проектот ќе се имплементира со буџет од околу 78.000 евра во рамки на следните 15 месеци.

  • Во рамки на проектот ќе се спроведат едукативни сесии  за населението од Североисточниот плански регион во Македонија и Ќустендилска област во Бугарија  за процесот на производство органска храна, обука  за трансформирање од традиционален во органски еко-начин на пакување производи и ќе се врши педологија, мапирање на з емјиштето погодно  за овој тип производство -  информираат од ГЦОР „ЕГРИ“, Крива Паланка.

Предавањата и обуките ќе ги вршат професори и експерти од Факултет  за  земјоделство и храна, Скопје и Бугарски земјоделски факултет од Софија. Со проектот ќе биде изготвен и буквар од „Од нула до органско производство“ наменет  за земјоделците, а предвидено е и роад-шоу  за промоција на органско производство.

Договорот  з а имплементација беше врачен на заменикот министер от  за локална самоуправа, Љупчо Пренџов и  бугарската заменичка министерка  за регионален развој и јавни работи, Деница Николова .

Врачени се вкупно 45 договори во вредност од 10,5 милиони евра кои општините од Североисточниот, Источниот и Југоисточниот регион од Македонија ќе ги реализираат со партнер-општините од Бугарскиот пограничен регион. Петнаесет отсто од кофинансирањето за проектите од македонска страна го обезбедува Министерството за локална самоуправа .

Општина Крива Паланка ќе биде  застапена со два проекти, покрај „ЕГРИ“, проект со европски средства ќе имплементира и Регионален центар  з а соработка „СПЕКТАР“. Во Североисточниот плански регион на Македонија со првиот повик на ИПА се поддржани и проекти на општина Ранковце и општина Липково.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија