mksqen
27
Саб, Ное
0 Нови / 7 дена

Македонија треба да ги искористи сонцето, ветерот и хидропотенцијалот

Македонија треба да ги искористи сонцето, ветерот и хидропотенцијалот

Типографија

Македонија има потенцијал за развој на нови технологии и искористување на обновливите извори на енергија.

Ова е порачано од Самит - Платформа за пренесување знаење од областа на бизнисот, лидерството и иновациите организиран од Македонија 2025.

Карина Барнхолд Клепер, советник од Нордискиот совет на министри, истакна дека Македонија има големи можности за обновливи извори на енергија  како хидропотенцијалот, сонцето и ветерот.

  • Македонија има голем хидропотенцијал, од каде доаѓа најголемиoт дел од енергијата. Почнавте и со енергија од ветерот со инсталацијата во Богданци. Имате голем потенцијал за искористување на сонцето, шуми, а и доста депонии каде може да се извлечат биомаси кои подоцна ќе се префрлат во биогориво - вели Клепер и додава дека предуслов за искористување на обновливите извори на енергија е да се има систем за нејзино пренесување, што може да се оствари преку заедничката мрежа во регионот.

Таа потенцира дека е важно секоја земја да се сконцентрира само на еден извор, како што е примерот во скандинавските земји, а потоа енергијата да се разменува.

Инвестицијата во обновливите извори на енергија, според неа, чини многу повеќе од инвестицијата во фосилните горива, но важно е дека со тоа прави заштита на здравјето на луѓето и развојот на општеството.

  •  Со размената на струјата се подобрува трговијата и има и позитивен економски ефект. Понатаму ќе има поголеми давачки за јаглерод диоксид и така ќе има и поголема економска логика и потребата на обновливи извори на енергија - додава Клепер. 

Гидеон Марк Амир, извршен директор на Birthright Izrael, истакна дека Израел има постигнато многу на полето на обновливите извори на енергија.

  •  Се потпиравме на своите мозоци и затоа развивме зависност од вода и соларна енергија. Македонија и Израел можат многу да научат една од друга - вели Амир.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија