mksqen
27
Саб, Ное
0 Нови / 7 дена

Албанија ќе ја подобрува аквакултурата со нов закон

Албанија ќе ја подобрува аквакултурата со нов закон

Типографија

Новиот предлог-закон што е поднесен во парламентот на Албанија предвидува зонирање на земјиштето и на водите и доделување концезии на оние баратели што ќе понудат најдобри решенија за развој на аквакултурата.

Од албанското министерство за земјоделство велат дека на овој начин ќе се поттикне одговорното одгледување риби.

Откако ќе заврши зонирањето, ќе се определат точки во кои развојот на аквакултурата ќе биде приоритет и ќе се направи акциски план. На овој начин треба да се стави ред и да не може неконтролирано да се прават рибници и во нив да се одгледуваат видови без контрола.

  • Немањето контрола придонесе да немаме информации за количеството риба што се одгледува, за условите во кои се врши тоа, за продажбата, болестите и другите закани. Со предлог-законот ќе се утврдат и стандардите за животната средина во областа на заштитата на природата и на биолошката разновидност - велат од министерството за земјоделство.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан