mksqen
25
Пон, Окт
0 Нови / 7 дена

Изгоре шума значајна за рисовите во Албанија

Изгоре шума значајна за рисовите во Албанија

Типографија

Голем пожар избувнал во близина на селого Ѓеѓан во регионот Пука во Албанија и ги зафатил шумите во околината.

Како што информира Здружението за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (ППНЕА), огнот зафатил борова шума стара 50 години, која била една од ретките што опстанале и покрај масовната дива сеча во областа.

Во ППНЕА се особено загрижени за уништувањето на шумите во Пука, затоа што тоа е главниот регион во Албанија каде што живеат и се размножуваат балканските рисови, ендемски вид на полуостровот, кој е критично загрозен. Шумите биле живеалиште и на други два вида големи месојади, како кафеавата мечка и волкот. Освен поради богатиот биодиверзитет, шумата била значајна и за животот на локалното население.

  • Бевме информирани од локалните властидека пожарот е веќе локализиран. ППНЕА го цени ангажманот на надлежните и на населението кои веднаш реагираа во оваа ситуација. Ги повикуваме да ги заштитат шумите како национално богатство. За жал, од денес имаме една шума помалку за балканскиот рис - велат од ППНЕА.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан