mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Хрватските возачи да внимаваат на ежови

Хрватските возачи да внимаваат на ежови

Типографија

Хрватскиот центар за заштита на животните и природата„Кеј“ ги предупредува возачите да внимаваат на патиштата за да се намали страдањето на ежови.

Автохтоната врста на ежови во Европа е северниот белоград еж кој се населува во шумите и полињата, а често е во близина на населени места или во паркови и градини.

Малиот цицач е активен ноќе, додека деновите ги поминува во гнездо од трева и лисја. Во просек живее пет години. Во потрага по храна, во текот на една ноќ, ежот може да помине и до три километри, а патот обично го завршува таму каде што почнал, во своето гнездо.

Белоградиот еж зимата ја поминува во сон. Со доаѓањето на есента ежовите јадат повеќе затоа што се подготвуваат за зимски сон кој го почнуваат во октомври. После будењето од хибернацијата, на крајот на април, ежовите се спремни за парење. Женките ги носат младите 35-42 дена, а големината на леглото е од два до десет мали ежови.

Ежот има мал број непријатели, а главен виновник за нивната смртност е човекот. Најголем проблем за ежовите се патиштата на кој страда голем број од нив.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан