mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Умерен земјотрес го погоди Чанаккале

Умерен земјотрес го погоди Чанаккале

Типографија

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтерова скала го погоди округот Чанаккале, во западниот дел на Турција.

Епицентарот на потресот се наоѓал во реонот на градот Ајваџак.

Според Дирекцијата за управување со кризи и вонредни ситуации, земјотресот е регистриран на длабочина од 5,6 километри под површината на земјата. Веднаш потоа следеле и други 11 потреси со интензитет меѓу 3,2 и 3,5 степени.

Минатиот месец реонот на Чанаккале бeшe погоден од серија потреси, некои со интензитет и на пет степени, кои сеизмолозите ги опишаа како „земјотресна бура“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан