mksqen
27
Чет, Јан
0 Нови / 7 дена

Речиси половина Романија е во енергетска сиромаштија

Речиси половина Романија е во енергетска сиромаштија

Типографија

Над 42 проценти од населението во Романија влезе во таканаречената категорија „енергетска сиромаштија“, односно има проблем со плаќањето на месечните сметки.

Ова го изјави Емил Калота, заменикот-претседател на Националната агенција за енергетско регулирање.

  • Потребата од 100 киловат-часови месечно во домаќинствата претставува потреба, која ни покажува на кое ниво е економскиот и социјалниот развој, кој го имаме во селските региони. Да не ја заборавиме цифрата која сите ја знаеме, над 42 проценти од населението во Романија влезе во таканаречената категорија „енергетска сиромаштија“, односно луѓе кои имаат проблем со плаќањето на месечните сметки - објасни Калота. 

Од аспект на потребите за енергија, Романија во моментов има атипична структура, забележа заменик-претседателот на Националната агенција за енергетско регулирање.
Како што вели тој, во последните три години основниот потрошувач на енергија во сите форми - електрична енергија, природен гас, топлотна енергија и нафтени деривати, не е индустријата туку домакинствата. 

  • Со други зборови населението во Романија, во неговата социјално-економска структура, 49 проценти во селскиот регион и 51 процент во градовите, е основен потрошувач на енергија во Романија, забележа Калота.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан