Меѓународната банка за обнова и развој ќе го советува бугарското Министерство за животна средина и води за тоа како да се справи со сериозниот проблем со загадувањето на воздухот.
Целта е банката и министерството заедно да разработат национална програма за квалитетот на амбиенталниот воздух и за намалување на вкупните годишни емисии на јаглерод диоксид, азотни оксиди и други загадувачи. Со тоа треба да се поддржат заложбите на Бугарија да ги постигне целите за намалување на емисиите на гасови. Оваа држава е меѓу земјите со најзагаден воздух во Европската унија.
Министерството ќе добие консултантски услуги како помош да ги исполни целите поврзани со обновената Директива за националните плафони за емисии на гасови. Услугите ќе се финансираат од европските структури.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS